Надявам се да не представлява трудност да се разбере тази статия!
Хипокампусът, главна структура во создавањето на сеќавањата за настаните и контекстот, има рецептори што му овозможуваат да одговори на стресните хормони во крвта. Сега знаеме дека тој дел атрофира кај некои психијатриски нарушувања. Во хипокампусот - искривен продолжен дел лоциран во двете темпорални слепоочни области на мозокот - постои структура наречена дентате гѕрус која произведува нови неврони во текот на возрасниот период. Хроничниот стрес ја инхибира неврогенезата и, исто така, предизвикува многу неврони од хипокампусот да се соберат, што е познато како процес на ?ремоделирање?. Испитувањата на животните покажаа дека хормонот на стресот кортизол, заедно со невротрансмитерите во мозокот, исто така, има важна улога во ремоделирањето на невроните.